Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Вежбаме во парк“ – дел од програмата на „Струмица Опен Фест“

На 17-ти, 19-ти и 21-ви јуни 2019-та година, од 19 часот, во Градскиот парк во Струмица, како дел од програмата на годинашното, осмо издание на „Струмица Опен Фест“, ќе се одржат тренинзи по аеробик.

Активноста „Вежбаме во парк“ опфаќа уникатни тренинзи на отворено за сите возрасти, а аеробикот има низа позитивни влијанија. Тој го намалува стресот, го подобрува метаболизмот, го намалува срцевиот пулс во мирување, придонесува за здрав кардиоваскуларен систем и го редуцира поткожното масно ткиво.

Аеробик-вежбите ќе бидат надополнети со специјална плеј листа од ритамот на „Струмица Опен Фест“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.