Екипи од сите сектори на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица денес излегоа на терен со цел да ги санираат последиците од вчерашното невреме, кое иако траеше околу 20-тина минути, сепак, силниот ветар проследен со дожд, направи штета низ Општина Струмица, посебно на дрворедите низ градот.
Покрај санирањето на последиците, се вршеа и стандардните активности за метење и чистење. Се вршеше и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни.
Од УХМР информираат дека и во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од „Комуналец“ информираат дека ја следат состојбата на терен со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на претстојната недела.
Тие денес ја започнаа и акцијата за чистење на градските гробишта, со која беше опфатена улицата која води до Градска капела, целиот комплекс и сите гробни места и патеки и беа исчистени од треви, стари дрвја, бетонски и други остатоци, а беше извршено и хортикултурно уредување.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.