Активистите на проектот „Нега на стари лица со попреченост во домашни услови“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската Унија а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), делат хигиенски пакети во рамките на проектот.
Овој проект опфаќа околу 10-тина активисти, 1 физиотерапевт и 1 медицинско лице кои ќе пружат помош на околу 20-тина стари и немоќни лица со попреченост.
Целта на проектот е да се подигне свеста кај помладата популација за важноста од помош и поддршка на овие лица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.