Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во јунскиот рок се запишале 628 ученика во средните училишта во Струмица

По првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување на ученици во прва година во трите средни општински училишта во Струмица, во учебната 2019/2020 година, се запишале вкупно 628 ученици. Од нив, 222 во СОУ „Јане Сандански“, 154 во СОУУД „Димитар Влахов“ и 252 ученика во СОУ „Никола Карев“. Останати се 633 слободни места, а во нив не се внесени податоците за медицинска сестра, затоа што ќе има квалификационо тестирање.

Квалификационо тестирање за пријавените ученици кои имаат ист број на бодови за медицинска сестра во здравствената струка, ќе се организира во СОУУД „Димитар Влахов“ на 21 јуни 2019 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2019 година.

Најмал интерес учениците пројавиле за тригодишното образование во занимањата поледелец, монтер за сува градба и електричар-електромонтер, каде нема пријавено ниту еден ученик, а најголем интерес има во медицинската струка, каде бројот на пријавени е поголем од утврдената потреба.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24-ти и 25-ти јуни 2019-та година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26-ти јуни 2019-та година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.