Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Црвен крст“ – Струмица ќе биде домаќин на Форумот за доброволно крводарителство

Општинската организација на „Црвен крст“ – Струмица на 21-ви и 22-ри јуни, ќе биде домаќин на Форумот за доброволно крводарителство, во организација на „Црвен крст“ на Македонија и Министерството за здравство.

Форумот ќе се одржи во хотел „Сириус“, со наслов „Безбедна крв за сите“, а ќе го отворат министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче и Претседателот на „Црвен крст“ на Македонија проф. д-р. Ромел Велев.

На Форумот ќе се одржат неколку сесии и тоа: Бенефиции и права на крводарители во Македонија; Дарување на тромбоцити – процес на аферезно дарување на автоматизирана машина и Одредување на критериуми за наградување на општински организации на „Црвен крст“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.