Во претходните три дена, на акумулацијата „Гратче“ кај Кочани се одржа Државниот риболовен куп натпревар во спортски риболов „Рибарите за рибарите“, организиран од „Модерен Крапски Риболов“, а домаќин беше „СРЗЕК Кочански Рибар“.
На натпреварувањето учествуваа 20 екипи, а уловени беа 131крап со вкупна тежина од 376 кг.
Првото место на натпреварот му припадна на домашниот тим „СРЗЕК Кочански Рибар“ од Кочани со уловени 53 риби со тежина од 151,2кг.
Второто место го однесе скопски „ЈУНИК ТИМ“ со 16 риби со тежина од 46кг, додека струмичкиот тим „Е-Постер“ го освои третото место со уловени 14 риби во тежина од 38,5кг.

Тимот „Карп Хантерс“ од Куманово ја имаа најголемата уловена риба од 8,4кг.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.