Преку 100 учесници со пешачење и велосипеди на 25-ти јуни (вторник), од 19:30 часот од малиот градски парк, ќе го означат почетокот на летото со голема забава под ѕвезденото небо на Струмица. Рутата за пешачење е погодна за сите возрасти па и за најмалите и минува низ манастирот „Св.Илија“ и најпознатата трим патека во регионот. Организираната поворка велосипедисти се искачува по асфалтен пат.
Настанот ќе биде дополнет со забава со локални диџеи.
Трим патеката по
која ќе се пешачи (Мал парк – Ловен дом – Св.Илија – Цареви Кули) е долга
прилично 5.5 км и се пешачи околу 1 до 1:30 часа.
Вело патеката по
која ќе се вози (Мал парк – СОУ Никола Карев – Лозиња – Двата пата – Чам чифлик
– Цареви Кули) е долга 9 км и се вози околу 1:00 до 1:30 часа.
Потребна опрема: Соодветни чевли за пешачење (возење); Фенерче; Топла облека; Резервна маица; Вода; Овошје и храна по избор; Ранец; Фотоапарат; Кацига (за велосипедисти); Средство против комарци.
Движењето по двете патеки ќе се одвива во групи со водичи, а евентуално оддалечување од групите и предвидената патека ќе биде на сопствена одговорност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.