Советот на општина Василево одржа вонредна седница на која расправаше за невремето од пороен дожд и град кое на 24.06.2019-та година ги погоди населените места Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала, предизвикувајќи големи штети на земјоделските култури.
Заради утврдување и проценка на настанатата штета со одлука на Советот формирана е Комисија за процена на штета од елементарни непогоди во општина Василево, која во наредните денови ќе излезе на терен и на лице место ќе врши процена.
За целосно и навремено завршување на постапката за утврдување и процена на штетата, граѓаните кои претрпеле штети во невремето неопходно е до Комисијата да поднесат Барање за процена на штета (готовиот образец се подига во просториите на општината) дополнето со следниве документи: фотокопија од лична карта, фотокопија од имотен лист или договор за закуп заверен на нотар пред 24.06.2019-та година и фотокопија од трансакциска сметка.
Барањата се поднесуваат во просториите на општина Василево во деновите среда, четврток и петок односно 26,27 и 28.06.2019-та година од 08 до 16 часот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.