Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Министерство за економија: Исполнети се условите за одземање на концесијата на Еуромакс

Условите за одземање на концесијата на Еуромакс ресурсис за локалитетот „Иловица“ се исполнети, сметаат од Министерството за економија.

Од Министерството очекуваат дека во наредните седум дена да биде одземена концесијата на инвеститорот во Иловица.

Министерството за економија на претходната седница на Владата доби задолжение да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот во близина на Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село.

Доколку не се исполнети правно-формалните аспекти Министерството ќе го одбие барањето за концесија од Еуромакс и еднострано ќе го раскине договорот за ископување на руда и минерални суровини.

Фото: Фејсбук

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.