Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Промоција на „Јас, Пинк Пантер“ и мини саем на книга во Струмица

Денес (четврток) од 12 до 20 часот во книжарницата „Култура“ во Струмица, а во организација на „Икона“ – Скопје, ќе биде промовирана книгата „Јас, Пинк Пантер“ на Оливера Ќирковиќ. На промоцијата ќе присуствува и авторката, која ќе ги потпишува книгите.

Во „Јас, Пинк Пантер“ поранешната кошаркарска репрезентативка Ќирковиќ, ни ги открива тајните и тактиките на внатрешната криминална организација „Пинк Пантер“. Ќирковиќ како нејзин водач, со што станала позната ширум европските граници,  поминала цели 8 години во најстрогите грчки затвори.

Книгата е нејзина исповед како единствена жена што успеала да побегне од еден од најчуваните грчките затвори. Напнатата акција на оваа криминална група на крадци, ги остава читателите без здив.

Истовремено, пред библиотеката „Благој Јанков Мучето“ издавачкиот центар „Три“ има свој традиционален, мини саем, кој ќе трае до 30.06.2019-та година (недела).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.