Општина Струмица доби грант од Министерството за труд и социјална политика, за изградба на нова детска градинка во поранешната касарна.
Градинката ќе биде изградена по најсовремени стандарди за престој на деца од предучилишна возраст, а ќе може да прифати 250 деца. Најмладите ќе добијат ново катче за престој, а нивните родители решавање на проблемот со згрижување на нивните деца додека се на работа.
Како што изстакна првиот човек на општината – Коста Јаневски, со ова ќе се надмине проблемот со прекубројност на децата во групите во клоновите на градинката „Детска радост“, со што ќе се подобрат условите за престој и ќе се обезбеди правилен раст и развој на дечињата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.