Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Продолжува тампонирањето на селските патишта низ општина Струмица

Тампонирањето на полските патишта продолжи во атарот на населеното место Муртино – соопшти градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски.

Се работи на два потега, од асфалтниот пат Сачево – Муртино кон местото викано „Чешма Шинка“ во должина од 800 метри и од мостот на реката до населеното место Сачево во должина од 1.500 метри.

Како што истакна Јаневски, со тампонирањето на полските патишта се подобрува пристапот до обработливите земјоделски површини.

Согласно Програмата за реализација на општина Струмица за 2019-та година, во ова населено место ќе бидат асфалтирани и три улици во должина од околу 220 метри.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.