Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица со апел до угостителите да не ги узурпираат јавните површини

Општина Струмица чија цел е заштита на јавниот интерес, упатува јавен повик до сите правни и физички лица кои за вршење на своите деловни активности користат јавни површини пред своите деловни објекти, дека истите имаат обврска согласно Законот за јавна чистота и согласно Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица, да набават одобренија за користење на јавните површини и да ги почитуваат параметрите дадени во уверенијата.

Како што истакна овластениот комунален инспектор – Љупчо Ташевски за сите угостители кои нема да го почитуваат Законот, ќе следуваат прекршочни мерки. За користење на јавните површини тие треба да извадат одобрение за нивно користење, од одделението за комуналии, во секторот за урбанизам и комунални работи, како и да се придржуваат до дадените параметри.

Освен угостителите во централното градско подрачје, усно се опоменети и сите физички и правни лица кои гравитираат во поширокиот реон на град Струмица, кои користат јавна површина за изложување на асортиман за продажба. Бројката на угостители кои ги узурпираат јавните површини изнесува над 100.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.