Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Уште 508 слободни места за запишување во трите средни училишта во Струмица

По двете пријавувања и запишувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули, во трите средни општински училишта во Струмица останаа 508 слободни места.

Во тригодишното образование, во СОУУД „Димитар Влахов“ во земјоделско-ветеринарната струка, за образовниот профил поледелец нема пријавено ниту еден ученик, односно има 34 слободни места. Во хемиско-технолошката струка, за образовниот профил пекар, има 27 слободни места.

Во четиригодишното образование, во СОУУД „Димитар Влахов“ има 100 слободни места во образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина, техничар за агроменаџмент и прехранбен техничар.

Во СОУ „Јане Сандански“ има 135 слободни места, а во СОУ „Никола Карев“ има 212 слободни места.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26-ти август 2019-та година за што доставуваат доказна документација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.