Рачно и со механизација, екипи на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица вршат генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него.
Изминативе денови екипите на јавното претпријатие го почнаа чистењето во долниот дел од поројот на улицата „Крушевска Република“ преку чистење на нараснатата вегетација и разновиден отпад.
Од „Комуналец“ апелираат посебно до граѓаните кои живеат покрај поројот, својот отпад да не го фрлаат во него и истиот да го пријават на телефонскиот број 034/325-909 за да биде подигнат.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.