Големиот број на настани на годинашното осмо издание на „Струмица Опен Фестивал“ продолжуваат и во јули, почнувајќи од 8-ми јули (понеделник), кога со почеток од 21 часот ќе се одржи јубилејната десетта трка на келнери, на плоштадот „Гоце Делчев“.
На 15-ти јули ќе се одржи вечер на поезија во 21 часот во Градскиот парк; на 17-ти јули вечер на афоризми, во 21 часот во Градскиот парк; на 19-ти – Street Summer Fest со Bang La Decks, со почеток од 22 часот на плоштадот; на 20-ти јули концерт на лица со телесен инвалидитет во 20 часот пред платото на НУЦК „Антон Панов“ и Board Games Days во СОУ „Јане Сандански“ од 19 часот.
На 21-ви јули ќе се одржи и Летна игранка со RHCP Tribute, на Леблебиџиската улица со почеток од 22 часот; 22-ри јули – вечер на анимирани филмови во Градскиот парк од 22 часот; 23-ти јули прикажување на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во Градскиот парк од 22 часот и на 29-ти јули – Летна ликовна работилница во струмичката библиотека со почеток од 19 часот.
Настаните се одржуваат на повеќе локации низ Струмица, на отворено и освен музички концерти, со програмата се опфатени и голем дел на спортско-рекреативни и натпреварувачки настани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.