Општина Василево преку ЈПП (Јавно приватно партнерство) со ЕСКО компаниja (за енергетски услуги) ќе обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување, за кое нема да потроши ниту денар од сопствениот буџет. Изведбата и финансирањето ќе биде од приватни енергетски компании, т.н ЕСКО компании ( Energy Services Company), односно фирми кои ќе даваат услуги во енергетскиот сектор, а својата услуга ќе ја наплаќаат преку направената заштеда на енергија.
Регионалната Програма за енергетска ефикасност која е финансирана од Европската унија, има за цел да ги поддржи проектите за енергетска ефикасност и тоа во секторот за улично осветлување и малите дистрибутивни системи за греење. Општина Василево е една од првите седум општини во државата во кои се спроведува овој пилот проект.
Бенефитот на општината е повеќекратен и долгорочен бидејќи се обезбедува квалитетно енергетски ефикасно улично осветлување кое континуирано ќе бележи заштеди односно пониски сметки за потрошена електрична енергија по основ на улично осветлување, како и опрема која и по завршувањето на договорот останува во сопственост на јавниот партнер односно на општината.
Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.