Вкупно 14 ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица учебната година ја завршија со забележителен успех на 6-тиот меѓународен натпревар „Математика без граници“ (Mathematics Without Borders) кој се одржуваше од 29-ти јуни до 1-ви јули во Несебар, Бугарија.
Учениците, предводени од професорките м-р Елена Лазарева и Божана Лазарова, се натпреваруваа според возраста во различни категории, со математичари – прваци не само во своите земји, туку и во светот, и успешно претставувајќи го училиштето, освојувајќи вкупно 7 медали, освоени во индивидуално и тимско натреварување.
Ученикот од I година – Димитар Џорлев беше награден со бронзен пехар како најуспешен во неговата категорија, 9-тата група и тоа во сите четири сезони од натпреварот.
На индивидуалниот натпревар, во највисоката категорија, учениците Дмитар Звонимир Митев, Димитар Џорлев, Зора Лазарева и Зуле Николова освоија бронзени медали.
На тимскиот натпревар, исто така во највисоката категорија, тимот во состав Дмитар Звонимир Митев, Зуле Николова и Катерина Стоилова, освои бронзен медал.
Освен наградените, на натпреварот учествуваа и учениците Крсте Симеонов, Кирил Христов, Анастасија Зимбакова, Виолета Џорлева, Мартина Ѓоргиева, Стефани Стојанова, Роберт Јанев, Светлана Иванова и Викторија Терзиева.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.