Започнува пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал „Ч’крче“ што се одржува во населеното место Пиперево. Право на учество и пријавување на свои екипи имаат сите жители на Струмичкиот регион и пошироко.
Пријавувањето е до 11.07.2019-та година (четврток). Ждребувањето ќе се изврши во петок, 12.07.2019-та година.
Котизацијата за учество за сениори изнесува 2.500 денари а за кадети 1.000 денари.
Турнирот ќе започне во сабота на 13.07.2019-та година (сабота). Покровител на турнирот е општина Василево.
За дополнителни информации заинтересираните може да се обратат кај организаторот на телефонските броеви: 071 933 848 и 070 645 102.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.