Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Инспекциски контроли и мерки на СВР Струмица над угостителските објекти заради законски прекршоци

СВР-Струмица во рамките на надлежностите во текот на месец јуни и јули 2019-та година, презема интензивни мерки и активности заедно со надлежни инспекциски служби, кои се насочени на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот, точење алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која ги вознемирува граѓаните, неиздавање фискални сметки, неводење книга за дневни финансиски извештаи и сл.

На подрачјето на ПС од ОН Струмица, при контрола во угостителските објекти, во 8 од нив констатирани се 8 прекршока (пуштање гласна музика). СВР–Струмица апелира до сопствениците на угостителските објекти, кафулиња, дискотеки, ноќни барови и други, да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музички групи. Во спротивно, ќе се соочат со пријави и глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на правното лице. Додека пак, за трговец-поединец глобата изнесува од 500 до 800 евра.

Во 6 угостителски објекти констатирани се 6 прекршока (овозможување присуство на малолетници подоцна од 24:00 часот).

При извршените контроли покрај констатираните прекршоци, во 3 угостителски објекти откриени се и 3 кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“. Во содејство пак со надлежни инспекциски служи во 4 угостителски објекти откриени се 4 прекршока (неводење книга за дневни финансиски извештај) во 2 угостителски објекти констатирани се 2 прекршока (неиздавање на фискална сметка) а во 1 објект констатиран е 1 прекршок за приватно обезбедување.

Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.