Продолжува тампонирањето на полските патишта на територијата на општина Струмица – активност која што општината ја реализира во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
По тампонирањето на полскиот пат од населеното место Куклиш кон Сачево во должина од 1.000 метри, се работи во атарот на населеното место Просениково и тоа на два потега во вкупна должина од 800 метри.
Како што претходно истакна првиот човек на општина Струмица – Коста Јаневски, тампонирањето на полските патишта има за цел подобрување на пристапот до обработливите земјоделски површини.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.