Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ноќно искачување на „Ѕвезден врв“ на Беласица – дел од „Струмица Опен Фест“

  • Настанот е дел од годинашната програма на „Струмица Опен Фест“.
  • Тргнувањето е во сабота, 13-ти јули од пред ресторан „Атлантис,“ с.
  • Во недела организирана е и прошетка до Ѓаволски Мост, како и попатна посета на водопадот Трикрак.

На 13-ти и 14-ти јули, планинарскиот клуб „Ентузијаст“ – Струмица организира ноќно искачување на „Ѕвезден врв“ на Беласица. Настанот е дел од годинашната програма на „Струмица Опен Фест“.

„Семер Кајас“, познат и како „Ѕвезден врв“, на надморска височина од 1.877 метри е еден од највпечатливите врвови на планината Беласица, што пружа вистинско уживање и восхитувачки поглед кон околината.

Тргнувањето е во сабота, 13-ти јули од пред ресторан „Атлантис,“ с. Смолари во 15 часот. Пристигнување на планинарски дом „Шарена чешма“. Сместување во домот или шатори (по желба) и одмор. Состанок со водичите и поаѓање кон Ѕвезден Врв во 21 часот.

Во недела организирана е и прошетка до Ѓаволски Мост, како и попатна посета на водопадот Трикрак.

Се оди по обележана планинарска патека низ густа костенова и букова шума два и пол часа. Врвот нуди величествен поглед кон двете соседни земји – Македонија и Грција.
Планинарската патека во двата правца е долга околу 24 км.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.