Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Министерката Царовска ги посети првите лица кои излегоа од Заводот „Бања Банско“

Министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“. Фанка Динова и Јонче Гогов од април годинава живеат заедно во семејната куќа на Фанка во Миравци. Двајцата претходно во Заводот поминале повеќе од 30 години.

За нивните потреби и полесно секојдневие, куќата беше реконструирана со финансиска поддршка од шведската фондација „Лоза“, обезбедувајќи целосна пристапност, а исто така им беше обезбеден и личен асистент.

Во следниот период Заводот „Бања Банско“ треба да го напуштат уште седумина возрасни корисници, кои до крајот на летото ќе се вселат во четири станови во државна сопственост во Струмица. Нивните нови домови се целосно прилагодени, пристапни и опремени. Државата ќе обезбеди и лична асистенција и поддршка според потребите за да го поттикне вклучувањето на овие лица во заедницата.  

Истовремено, се прават подготовки за преселба на сите седум деца под 18 годишна возраст од „Бања Банско“ во групен дом во заедницата.  

Сите активности се прават согласно Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ 2018-2027 и претставуваат премин од досегашниот застарен систем за социјална заштита заснован на „безлични“ институции, кон современ систем за поддршка и грижа во заедницата. Процесот на деинституционализација целосно ги почитува човековите права и ги зајакнува корисниците со што го поттикнува нивното активно учество во животот на заедницата и општеството.  

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.