Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Генерално чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“ и за време на претстојниот викенд

Акцијата за генерално чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“ ќе продолжи и во текот на престојниот  викенд – информира ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.

Рачно и со механизација се врши генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него.

По спроведувањето на оваа акција за генерално чистење, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои што живеат во близина на каналот да не фрлаат отпад во него, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават  на телефонскиот број 034/325-909, а пороите кои не се депонии ќе бидат чисти, со што ќе биде овозможено да си ја вршат функцијата за која што се наменети.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.