Во Струмица беше одбележана 75-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков-Мучето.
Во негова чест пред неговиот Споменик беше положено свежо цвеќе од страна на претставници од општината, со цел, како што истакна градоначалникот Јаневски, потсетување на оној 14-ти јули 1944-та година, кога престана да бие неговото срце полно со праведност, непокор и љубов кон родната грутка.
Јанков бил убиен на еден саботен пазарен ден во Струмица. Тој бил прогласен за народен херој на Југославија во 1951-та година, откако својот живот го посветил на патриотизмот и љубовта кон својата татковина, организирајќи најразлични револуционерни активности
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.