Синоќа во 21:17 часот во околината на Струмица и Валандово беше почувствуван земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, се наоѓал во епицентралното подрачје на Струмица.
Земјотресот бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа со свои станици во Валандово, Скопје, Пехчево, Охрид и Штип.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.