Денес се навршуваат 33 години од смртта на еден од најголемите македонски театарски и филмски актери – Ристо Шишков.
Шишков е роден на 23-ти март 1940-та година во Егејска Македонија (село Мрсна) во ситуирано трговско семејство, а во 1942 ја доживува трагичната судбина на децата бегалци. Во 1945-та година, преку Бугарија со неговото семејство доаѓа во Струмица, каде се школувал.
Во 1962-та година дипломирал на Театарската Академија во Белград, отсек глума. Во 1964-та станал член на Драмата на Македонскиот Народен Театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма, 5 телевизиски драми и 3 телевизиски серии, како и повеќе радиодрами.
Во 1979-та година обвинет е за навреда на српски и хрватски артисти, како и на Тито. На 15-ти јануари 1980-тата заминува во затвор обвинет како националист, сепаратист и хегемонист. Умрел по боледување на 17-ти јули 1986-та година. Тој е татко на познатиот и веќе починат македонски актер – Васил Шишков.
Од 1992-ра година во негова чест во Стумица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.