Општина Струмица, полицијата и ЈП „Паркиралишта“ – Струмица, заеднички ќе работат на одржување на јавниот ред и мир во градот, како и зголемување на безбедноста на граѓаните.
На работната средба која се одржа во просториите на општината помеѓу градоначалникот – Коста Јаневски, началникот на СВР Струмица – Танчо Пројковски и директорот на ЈП „Паркиралишта“ – Митко Бујуклиев, беше разговарано за мерките кои треба да се преземат во однос на ова прашање, особено во овој период од годината кога и фреквенцијата на луѓе и возила е зголемена.
По заклучокот дека тие не се на завидно ниво, а извлечен и од поплаките на граѓаните, одлучија да спроведат заедничка и координирана акција во наредниот период во која посебен акцент ќе се стави на узурпацијата на тротоарите и јавните површини, бучавата предизвикана од угостителските објекти и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Посебно внимание ќе се обрати на возење мотори и мотоцикли особено од страна на малолетници. Целта на применување на законските прописи врз учесниците во сообраќајот е заради нивна безбедност.
Тие велат дека очекуваат и поддршка од граѓаните за нивните акции и почитување на законските прописи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.