На бројот 198 граѓаните на Македонија можат да пријавуваат неправилности од мерката „Мој ДДВ“, соопшти Управата за јавни приходи.
Во Струмица пријавени се недоследности кај колонијал којшто според пријавата на граѓани не издава фискални сметки како и стовариште.
Почнувајќи од 1 јули 2019-та година, во земјава најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат. Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети, колонијални продавници, фризерски студиа и друго.
Мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ е од корист и за граѓаните и за државата. Оваа мерка значително ќе помогне и во намалувањето на сивата економија. Согласно пријавите и по службена должност УЈП ќе спроведе интензивни контроли со цел проверка и утврдување на фактичката состојба на терен.
Извор: Фактор







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.