Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Концерт, летна игранка и друштвени игри – викендов на програмата на „Струмица Опен Фест“

На 20-ти јули (сабота) во склоп на програмата на годинашниот „Струмица Опен Фест“ за првпат ќе се одржат „Board Games“ (Друштвени игри) во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, со почеток од 19 часот. Во училишниот двор ќе се играат игри до раните утрински часови и тоа: шах, рубикови коцки и сложувалки, кои се само дел од предвидената програма. Настанот е од отворен карактер, а за натпреварувачите следуваат многу изненадувања.

Свој концерт, исто така во сабота, ќе одржат и лицата со телесен инвалидитет од Здружението „Мобилност“, со почеток од 21 часот, пред платото на НУЦК „Антон Панов“.

На 21-ви јули (недела) ќе се одржи Летна игранка со Red Hot Chilli Peppers Tribute Band на Леблебиџиската улица, со почеток од 22 часот. Во нивниот репертоар се вклучени најголемите хитови на фанк-рок бендот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.