Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Наставник од Струмица меѓу 13-те добитници на признанија за 2025-2026 година

Архивска фотографија · Извор: vlada.mk
Архивска фотографија · Извор: vlada.mk

Никола Делевски од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ во Струмица е избран за најдобар наставник во средното образование. Признанието го доделија Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници по повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителите.

Вкупно 13 просветни работници од предучилишното, основното и средното образование добија признанија за учебната 2025-2026 година. Едно признание е доделено постхумно.

Признанијата ги врачија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Жаклина Ристовска. Според Јаневска, Сојузот ги избрал наградените врз основа на нивните резултати, признанија, награди и посветена работа во изминатата учебна година.

Постхумно признание му беше доделено на Слаѓан Станковиќ – Битрак, кој бил дел од наставниот кадар во СОУ „Наце Буѓони“ во Куманово и во „Математичко – информатичка гимназија“ во Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.