Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Василево ќе се задолжи над 4 милони денари за набавка на возило за собирање смет

На денешната редовна 23-та седница, Советот на општина Василево донесе одлука за кредитно задолжување на општината заради набавка на специјално возило за собирање и транспорт на смет. Целта на набавката на новото возило е да се создадат услови за организирано собирање на сметот  од домаќинствата во уште неколку населени места.

Долгорочното домашно задолжување ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. Износот на заемот изнесува  4.370.000 денари, а возилото е со капацитетот од 5,5 м3. Рокот на отплата на кредитот ќе биде 2 години со грејс период од 6 месеци.

На седницата донесени се и измени на Статутот на општина Василево и истите се однесуваат на името на државата, имено  секаде каде што во досегашнит текст стои Република Македонија се заменува со Република Северна Македонија.

Советниците позитивно одговорија и на барањето за финансиски средства, кое беше доставено до советот од ЖФК „Тиверија“ од Струмица.

Надвор од дневниот ред, секретарот на „Црвен крст“ – Струмица, Марјана Тошева, имаше кратка презентација на целите и планираните активности на „Црвениот крст“ во наредниот период, при што, побара поддршка од општината за нивно имплементирање.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.