На Бирото за јавни набавки, општина Василево објави 5 тендери за изведување на градежни работи, чија вкупна проценета вредност изнесува околу 650.000 евра.
Градежните работи ќе се одвиваат на повеќе локации во неколку населени места. Две улици ќе бидат изградени во населеното место Добрашинци, едната во должина од 420 метри, а другата – 240 метри. Во Василево ќе се реконструира улицата од поштата до црквата во должина од 216 метри. Ќе биде реконструиран и локалниот пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1.878 метри, а локалниот пат Нова Маала –Чанаклија со асфалтирањето на последната делница од околу 2 км ќе биде целосно асфалтиран. Заинтересираните оператори целокупната тендерска документација можат да ја најдат на официјалната старана на Бирото за јавни набавки.
Во моментот активен е и тендерот за геодетско-катастарски услуги. Согласно објавените огласи краен рок за доставување на понудите е 06.08.2019 година (вторник).
Пред десетина дена заврши јавната набавка за изградба на вкупно 15 улици и улички и тоа: по 3 во населените места Пиперево и Василево, 2 во Градашорци, по 1 во населените места Седларци, Сушево и Ангелци, како и 4 помали во населеното место Висока Маала, со вредност од окол 120.000 евра, обезбедени од општинскиот Буџет.
Како што истакна градоначалникот Јанев – периодот што слеува ќе биде период на интензивни градежни активности во сферата на локалната патна инфраструктура.
Дел од средствата за престојните градежни активности се сопствени средства од Буџетот на општина Василево, а дел се обезбедени преку Програмите на Министерствата на Владата на Македонија.
Согласно планирањата најголемиот дел од овие активности треба да бидат готови до крајот на оваа календарска година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.