Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ѓоко Јовиќ донираше околу 1.230 евра за лекување на струмичанката Ирена Танчева

Македонскиот пејач со валандовско потекло – Ѓоко Јовиќ уште еднаш покажа дека има големо срце. Тој, на синоќешниот настап со својот бенд во Струмица, пееше за собирање средства за лекување на младата струмичанка Ирена Танчева и во тие неколку минути собра околу 1.230 евра.

Ирена Танчева е инаку млада мајка на две деца од с.Самоилово – Ново Село, која на 27-ми април 2017-та година остана неподвижна по тешка сообраќајна несреќа. За нејзината состојба има надеж, а да застане повторно на нозе потребно е лекување со матични клетки во Русија.

Таа својата радост од донацијата ја сподели на својот фејсбук профил, изразувајќи благодарност до Јовиќ и сите хумани луѓе, притоа, информирајќи дека сега и се потребни уште 1.500 евра.

Сите хумани луѓе кои сакаат да донираат за Ирена да добие шанса за нормален живот, тоа можат да го направат на: 143-500 ВИП, жиро сметка: -320500027414994 Марјан Танчев, девизна сметка: Ирена Танчева s.Samoilovo 5 Novo Selo, Macedonia IBAN: MK07-320540027415089 SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRALCOOPERATIVE BANK AD SKOPJE.

Претходно, Јовиќ донираше и за Томе Јанев и Никола Новоселски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.