Се одржа завршната фаза од Програмата за Обука „Безбедност на вода и управување со кризи: Основи на континуитет на работење за управување со ризици од катастрофи“ во која учествуваше и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.
Проектот се реализираше во организација на Тренинг центарот на Здружението на комунални претпријатија АДКОМ заедно со Центарот за управување со кризи на Македонија, Институтот за јавно здравје на Македонија, Дунавското партнерство за учење и Консултантската куќа „Инфа Проект“.
Реализацијата на проектот започна во април месец и интензивно се работи на обучување и јакнење на капацитетите на вработените во комуналните претпријатија за да се справуваат со кризи.
Стојан Ефтимов – Раководител на секторот „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ беше избран за кризен менаџер во склоп на претпријатието. Тој истакна дека искуството од овој проект и овие обуки ќе допринесе за подобрување на квалитетот на работата во претпријатието.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.