Со синоќешната изложба на делата од ликовната работилница која се одвиваше во текот на месец јули, заврши културно-уметничкиот дел од програмата на „Струмица Опен Фест“.
Во текот на месец август следуваат многу музички настани и настапи на повеќе домашни и балкански ѕвезди.
Почнувајќи од 09-ти август со настапот на Игор Џамбазов и Гуру Харе со струмичанецот Јовче Пандев. Потоа, Ареа и Дактили на 10-ти август, на 11-ти август Летечки Пекинезери и Дикато, на 12-ти Филмска симфонија со камерен оркестар на Битола и Dissmissed. На 13-ти август ќе се одржи Летна школа за гитара со Дамјан Пејчиновски и Васко Пиличев. На 14-ти ќе се одржи трибјут за Тоше Проески на кој ќе настапат Алексадра Јанева, Васил Гарванлиев и Марко Логаут. На 15-ти ќе се одржи One Love Tour, на која ќе настапат: Слаткаристика, Агушеви оркестар, Љубојна, Графа, Михаела Филева, Jojo Kids, GP, Steffonator и Алеа на занаетите.
Главните музички ѕвезди кои годинава ќе настапат на „Струмица Опен Фест“ се: Јупитер и Никад није касно, Перо Христов, Brass Brothers и Жељко Самарџиќ на 16-ти август; Бени и Нон Стоп, Дарио, Tightbeats и Tommy Tassev и Северина и на 18-ти, на последната вечер од фестивалот, ќе настапат: Мирза Селимовиќ, Два Бона и Горан Бреговиќ со Бијело Дугме.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.