Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Систем 48: Во првите 6 месеци од годината, најмногу пријавени проблеми со уличното осветлување

Во првите шест месеци од годинава, преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ решени се 574 проблеми од вкупно доставените 693 пријави. Останатите 119 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во овој период се од областа на уличното осветлување – 455, од областа на собирање смет – 93, водовод и канализација – 56, паркови и зеленило – 60, општински инспекциски служби – – 14, и улици, патишта и тротоари 15.

Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните да продолжат да ги користат услугите на овој општински сервис и да ги пријавуваат своите проблеми на бесплатниот телефонски број 080014848, а општинските служби во најкус рок ќе ги решат.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.