Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Заврши асфалтирањето на улица во Радово: Зимбаков најави изградба на улици низ општина Босилово

Заврши асфалтирањето на локална улица во населеното место Радово, во должина од 235 метри и со вкупна вредност од 1.115.000 денари финансирана од буџетот на општина Босилово.

Според Зоран Зимбаков – Градоначалник на општина Босилово. заштедени се доста пари од буџетот, кои повторно се враќаат назад кај граѓаните преку инвестирањето во изградба на улици.

Тој најави изградба и асфалтирање на улици низ населените места во оваа општина. За нивно реализирање ќе бидат обезбедени финансиски средства од општинскиот буџет и тоа за улици во Моноспитово, Сарај (помеѓу училиштето и домот), Робово (кај гробиштата) и во Дрвош, со вкупна вредност од околу 6 милиони денари, кои треба да бидат завршени во рок од 1 месец.

Во тек е и распишување програма за локални улици и патишта, во вредност од 7 милиони денари обезбедени од ЈП за државни патишта, од кои 2.360.000 денари се учество на општината.

Додека пак, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, обезбедени се средства од 5.800.000 денари а потпишан е и договор, за асфалтирање на две улици во Босилово, една во Моноспитово (помеѓу двете цркви) и спој на улицата која води од Едноќукево кон Бориево.

Пред некој ден беше потпишан и договор преку Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа за изградба на улици од 2.000.000 денари и тоа една во Робово (од училиштето кон магистралниот пат) и една пократка улица во Босилово.

Освен изградба на локални улици веќе потпишан е и договорот за изградба на општинската детска градинка во Босилово со капацитет од околу 80 деца – додава Зимбаков.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.