Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ТППЕ Струмица со предупредување за опасностите од пожари за периодот што следува

  • Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурата на воздухот.
  • Да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;
  • Да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;

Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурата на воздухот. Поради тоа, ТППЕ Струмица апелира до граѓаните на поголема внимателност кога се на отворено и:

Да не се фрлаат цигари и догорчиња;

Да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;

Да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;

Да не им се дозволува на деца да си играат со запалки, пламен и жар;

Да не се пали отпад и друг горлив материјал;

Да не се палат стрништа и меѓи.

Од ТППE информираат дека почетниот пожар може да се изгасне со чаша вода. Ако се забележи пожар веднаш да се извести ТППЕ на бесплатниот телефонски број 193.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.