Во тек е 56–та Меѓународна струмичка ликовна колонија, чие официјално отворање се одржа на 1-ви август во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.
Во рамките на колонијата ќе се одржи и 26–то Студио за мозаик, со кое ќе раководи познатиот мозаичар и сликар Александар Филев.
До 12-ти август во Струмица ќе творат 15-тина учесници од: САД, Полска, Украина, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија.
Струмица со своите специфики уште еднаш ќе биде инспирација за создавање нови квалитетни дела со кои ќе биде збогатена и онака богатата ликовна ризница на Колонијата која брои околу 2.600 творечки продукти, создадени во различни ликовни дисциплини.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.