На 10-ти август 2019-та година (сабота) од 21 часот, на „Чешмичката“ во Струмица, како дел од годинашната програма на „Струмица Опен Фест“ ќе настапат Ареа и Дактили.
Присутните ќе имаат можност да уживаат во музиката од првиот рок-албум на Дактили (Ставре, Столе, Душко и Милан).
„Колку ми значиш“, „Сите мои слики“ „Дозволи ми“, „Одведи ме“ се само дел од незаборавните македонски хитови, кои ќе бидат исполнети на долгоочекуваниот настап на групата Ареа.
Овие и уште многу музички настани, до 18-ти август ќе ги забавуваат струмичани и посетителите, како дел од осмиот „Струмица Опен Фестивал“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.