Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ЈПКД „Комуналец“: Водата да се троши рационално во претстојните денови со високи температури

Water saving

Врз основа на податоците од УХМР и најавените високи температури кои се очекуваат во наредните неколку денови, ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, апелира до граѓаните на општината за рационално користење и употреба на водата.

Водата да се користи исклучиво за санитарни потреби, односно да се избегнува полевање на дворови и перење на површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Со рационалното користење на водата ке се придонесе за стабилност на водоводниот систем и континуирано водоснабдување на сите граѓани.

Исто така, од „Комуналец“ додаваат дека во претстојните денови претпријатието ќе се воздржи од полевање на зелените површини низ општината, како и перење на улиците, се со цел да се овозможи квалитетно водоснабдување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.