Утврден е идентитетот на убиеното лице кое пред некој ден беше пронајдено во резервоар за гориво во водите на „Турија“ – соопшти заменик министерот за внатрешни работи – Агим Нухиу.
МВР се сомнева на сериски убиец кој веќе е во притвор поради претходното убиство на Ристо Илјашев кое се случи пред околу два месеци. Имено, начинот на извршување на овие две убиства е сличен. Се чека официјалното соопштение од ДНК вештачењето за да се потврди дали М.В од Добрејци е сторител и на ова дело. Нухиу додава дека на полицијата и е познат и мотивот.
Новата жртва исто како и Илјашев, била пријавена за исчезната, но од октомви минатата година. Полицијата се сомнева дека постои можност осомничениот да има извршено и други убиства и дека на идентичен начин се ослободил од телата, па од МВР соопштија дека не е исклучена можноста нуркачи да ги пребараат водите на „Турија“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.