Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Летечки пекинезери“ и „Дикато“ во недела на програмата на „Струмица Опен Фест“

Во недела на 11-ти август, со почеток од 21 часот, свинг-џез бендот „Летечки пекинезери“ ќе настапи на сцената кај „Чешмичката“ со својата авторска музика која гравитира кон свинг-звуците од 30-тите и 40-тите години на минатиот век.

Во „Летечки пекинезери“ членуваат: Бојан Петков – гитара, Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Славчо Коцев – тапани.

Фестивалската неделна вечер ќе биде надополнета и со домашниот состав „Дикато“ и тоа: саксофон – Александра Илиева, виолина – Тани Илиева, вокал – Оле Илиева и пијано – Динчо Илиев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.