Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

[ГАЛЕРИЈА] Гореше Судот во Струмица – Пожарот е целосно изгаснат

Денес граѓаните на Струмица ги вознемири црниот чад кој се ширеше од зградата на Судот.

Како што информираат од ТППЕ Струмица, во 15.15 часот тие интервенирале во гасењето на пожарот. Во акцијата учествувале 4 ПП возила и 14 пожарникари, а пожарот во 16 часот е локализиран и ликвидиран.

Од Противпожарната единица известуваат дека опожарени биле гаражни простории (складиште) на Основниот Суд во Струмица.

Од фотографиите се гледа дека се опожарени две возила, канцелариски мебел и друга опрема при што е направена значителна материјална штета.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.