Новото „пајак“ возило кое општина Струмица го доби како донација од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје е веќе во функција.
Како што истакна градоначалникот – Коста Јаневски, целта на набавката на специјалното возило „пајак“ е да воспостави поголем ред во паркирањето со ослободување на јавните површини, повеќе простор но и поголема безбедност за граѓаните.
Одлуката за доделување на специјалното возило на општина Струмица беше донесена на седница на совет на град Скопје, а барањето за негово добивање општина Струмица го достави во месец јуни, додека пак, Управниот одбор на „Градски паркинг“ ја одобри донацијата на 2-ри јули.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.