Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица ќе се одржи Агро саем за презентација и промоција на земјоделски производи и механизација

На 30-ти и 31-ви август (петок и сабота) 2019-та година на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, ќе се одржува Агро саем.

Саемот ке биде одлична можност каде што фармерите ке можат да го претстават автентичниот начин на производството на градинарски производи, храна, вино, мед, додека пак увозниците на механизација ќе ги престават последните технолошки достигнувања во производствениот процес.

Учество на саемот ќе земат фирми во областа на земјоделството и преработувачката индустрија, кои можат да ја искористат оваа одлична можност за промоција на своите производи и поврзување со деловни партнери од сите краеви на Македонија.

Посетителите на штандовите ке имат можност да ги вкусат традиционалните македонски земјоделски производи и храна, но и да се запознаат со можностите за рурален туризам што ги нуди југоисточниот регион, дополнително поситетелите и изложувачите ќе имаат можност за воспоставување на меѓусебни контакти и размена на искуства.

На саемот ке бидат промовирани и презентирани: градинарски производи, органски производи, нова технологија во земјоделското производство, земјоделска механизација, репроматеријали кој се користат во производството, презентација на можностите за рурален туризам во Југоисточна Македонија и традиционални песни и ора од Југоистокот

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.