Населеното место Костурино доби пластични канти за комунален отпад, како дел од акцијата на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, за доделување на 8.500 стандардизирани канти од 120 литри.
Целта на доделувањето на кантите, како што претходно соопшти Бранко Горѓиев – Раководител на одделението „Комунална хигиена“, е да исчезнат дивите депонии. Тие се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства, се делат бесплатно, на товар на општината и „Комуналец“.
Досега канти за отпад беа доделени во Вељуса, Водоча, Баница и Градско Балдовци, а акцијата продолжува и во текот на овој месец и во другите населени места низ општината.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.