На денешен ден (13-ти август) 1951 година, односно, пред точно 68 години, свирепо се убиени петте струмички студенти, или попознати како Струмичката петорка: Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорги Костуранов, Стево Топчев и Ѓорги Јар’мов.
Студентите на возраст од 19 до 23 години, биле убиени од страна на комунистичкиот режим во тогашната Социјалистичка Република Македонија. Тие се убиени под образложение дека сакале илегално да преминат во Грција, но струмичани со децении го отфрлаат ова тврдење, тврдејќи дека, студентите биле киднапирани и убиени од локалните безбедносни сили, затоа што биле политички неистомисленици и блиски до идеалите на ВМРО.
Тие се убиени во подножјето на планината Беласица, со по еден куршум во срцето и еден во главата. Нивната цел била слободна и независна Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.