Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ЦПЛИП „Порака“ со свои изработки на „Струмица Опен Фест“ од 16-ти до 18-ти август

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, во периодот од 16-ти до 18-ти август, за време на трите фестивалски вечери на „Струмица Опен Фест“ ќе ги изложи за продажба најновите изработки.

Во непосредна близина на „Чешмичката“ ќе бидат поставени креативните изработки на вештите раце на членовите на овој Центар.

Посетителите ќе имаат можност да купат најразлични видови на рачно изработени: украси, рамки, вазни, накит и слично. Ваквите активности од страна на „Порака“ се со цел зајакнување на положбата на лицата со интелектуална попреченост, во општеството.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.